Јавноста се збогува со Зоран Маџиров: Bon Voyage МАЕСТРО!

Јавноста се збогува со Зоран Маџиров: Bon Voyage МАЕСТРО!

Подготвил: В.Ф.

Патувај Зоки, свири им таму да се веселат, да играат, нозете да ги болат. Не го дочекавме 50. роденден заедно :((((( напиша композиторот Валентино Скендеровски во својата проштална порака на социјалната мрежа „Фејсбук“. Познатите личности веќе неколку часа се простуваат од светски познатиот музичар Зоран Маџиров кој почина денеска, седум месеци по стравотната сообраќајна несреќа која се случи кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш. Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот. Лекарите долго време се бореа, но не успеаја да го спасат.


© Leserreporter Thorsten G.


Во негова чест, есеистот, поет и прозаист Владимир Мартиновски напиша песна.

ПОРАКА ВО ШИШЕ
(Во чест и спомен на Зоран Маџиров)

Го чув
звукот
од сите
испиени
шишиња
(звукот што
се густира
ко старо вино)
И чув дека гласот на
сè што ѕвони или пее
зависи од тоа колку
нештата се празни
и со што се полни
Го чув звукот на сите
здравици од сите доба
И чув дека и најтивките
фрлени дреболии можат
да пеат во седум октави
кога некој со вешт удар
ги буди од вечниот сон
Ги слушам звуците од
сите отворени шишиња

Ребека Јанковска Ристески

Збогум драг наш, единствен, уникатен Зоки♡ Светот ќе занеме за миг кога ќе чуе кој заминал и колку многу ќе тажи по твоите специфични перформанси со енергија која ги отклучува сите срца и насмевка која ги топи сите души. Тажна вест и многу солзи....

Роберт Алаѓозовски
Голема загуба за македонската култура е смртта на маестро Маџиров. Ја споделувам тагата со Ели, Нина и Љубен.

Весна Петрушевска
Почивај во мир маестро... еден беше Зоран Маџиров... животот е еден миг... тажно, тажно...

Пеце од Суперхикс:
Bon Voyage МАЕСТРО!!! Има луѓе тука што ќе го паметат и чуваат она што си го сработил! Ти благодариме за сите "шишиња"... :(

Љупчо Јолевски
Збогум пријателе. Не се сомневам дека со својот оптимизам и со музиката што органски излегуваше од тебе ќе ги развеселуваш ангелите. Нека ти е вечна слава!

Оливера Ќорвезироска
Збогум, прекрасен човеку...

Васко Атанасовски
Почивај у миру драги Зоран Маџиров! Много фалиш :(

Ели Клинчаревска Младеновска
Маестро Маџиров... ти благодариме и ти се поклонуваме... Твојата музика е наше богатство!!! Патувај... некој таму те чека

Летка Димовска Полизова

Замина уште еден МАЕСТРО, ВЕЧНА ТИ СЛАВА ВИРТУОЗУ!