Победата на Емануел Макрон го зајакна еврото

Победата на Емануел Макрон го зајакна еврото

Подготвил: Б.Б.


Симболот на еврото
(Фото: Reuters)

Веднаш по веста дека за нов претседател на Франција е избран Емануел Макрон, еврото почна да зајакнува, пренесува „Ројтерс“.

Само половина час по објавувањето на податоците за излезеноста на изборите кои упатуваа дека Макрон е во значително водство, еврото се качи на 1,1023 американски долари.

Со тоа, еврото првпат ја поминува  границата од 1,10 долари од денот кога во ноември 2016 година, Доналд Трамп беше избран за нов претседател на САД.

Курсот на европската валута во петокот изнесуваше 1,099 американски долари.

Во пресрет на гласањето на француските избори, аналитичарите предупредуваа дека победата на Марин ле Пен би станала ноќен кошмар за финансиските пазари и за единствената европска валута, многу полош од Брегзитот или Трамп. Излегувањето од еврозоната беше една од главните точки на дневен ред на Националниот фронт на Ле Пен.