ТТК Банка А.Д. Скопје објавува оглас за вработување... Нето плата - 40.000,00 денари

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува оглас за вработување... Нето плата - 40.000,00 денари

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува: 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Директор на Филијала Штип 

Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):
Високо стручно образование, предност Економски факултет
Работно искуство од најмалку 3 години во областа на банкарството (предност ќе се даде на кандидатот кој работел на слични позиции)
Познавање на процесите во банката, познавање на законска регулатива
Висок личен интегритет и одговорност кон работата
Организациски способности
Комуникациски и аналитички вештини
Стручност и познавање на деловните пракси во областа на банкарското работење
Лидерски способности (координација на тимот, мониторинг и оценка на остварените резултати)
Менаџерски способности (следење, мотивација и професионален развој на персоналот, поставување приоритети и нивна ефикасна контрола и реализација)
Раководни способности (Планирање, исполнување на поставените цели, идентификација и решавање на проблеми, организација на работењето)
Идентификација на проблеми и утврдување на приоритети
Способност за извршување на комплексни задачи со почитување на зададени временски рокови
Самостојност во донесување одлуки
Лојалност
Познавање на англиски јазик и работа со компјутер

Опис на работно место и одговорности:
Обезбедување и контрола на технички услови за работа на филијалите и експозитурите Координирање и организирање на работата во филијалите и експозитурите;
Планирање, организирање и превземање на активности во филијалите и експозитурите поврзани со продажба на производи и услуги на клиенти
Разгледување предлози за одобрување на кредитните барања и одобрување на кредитни производи
Разгледување предлози за реструктуирање на кредитни производи
Следење, контрола, организирање на наплата на кредитна изложеност и провизии кон физички лица, мали и средни претпријатија;
Следење, планирање и организирање на активности за зголемување на депозитната база;
Навремено информирање на вработените во филијалите и експозитурите и запознавање со сите новини во работењето на Банката;
Активности поврзани со редовна евалуација и професионално надоградување на вработените;
Креирање предлози за вреднување на резултатите на вработените
Координирање и организирање на вработените во филијалите и експозитурите
Следење, контрола, известување за трошоците на филијалите и експозитурите
Изработка на интерни и извештаи
Водење на регистир за Менувачко работење и брз трансфер на пари
Комуникација со проблематични клиенти и нивно решавање
Активности на двојна контрола во дел од продажбата и сервисирањето на производите и услугите на клиенти на Банката
Извршување други активности по налог на непосреден претпоставен;

Работно време:
40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Филијалата (од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот и во сабота од 09:00 до 13:00 часот).

Загарантирана почетна нето плата: 40.000 денари

Останати информации:
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 21.05.2017 година, со назнака: „Апликација за Директор на Филијала Штип“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или на е-маил адресата: kariera@ttk.com.mk

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани