НЛБ Банка вработува! Отворени се 2 (две) работни места

НЛБ Банка вработува! Отворени се 2 (две) работни места

НЛБ Банка нуди можност за работа во мотивирачка и посветена атмосфера, креативност и личен развој, тимски дух, можност за личен напредок и напредок во кариерата.

НЛБ БАНКА ВРАБОТУВА „РАЗВОЕН ПРОЕКТАНТ” И „АДМИНИСТРАТОР НА БАЗИ НА ПОДАТОЦИ” ВО СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

Ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиенти, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба, соработка и почит меѓу членовите на тимот и соработниците се основни начела и вредности на нашето работење/делување.

Доколку ги споделувате/се препознавате во овие вредности ви нудиме работа во динамично опкружување со бројни можности за обука и професионален развој во нашиот Сектор за информатичка технологија на следниве работни позиции:

1. Развоен проектант
2. Администратор на бази на податоци


Отворените работни позиции ви нудат можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

Во продолжение се и описите на работното место, за кое покрај техничките вештини потребни се и основни „софт“ вештини за комуникација со интерни деловни корисници:

1. Опис на работното место Развоен проектант
• Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
• Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите;
• Менторство, советување и поддршка на корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи;
• Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
• Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
• Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија;
• Менторство и пренос на знаења;
• Учество во проектни групи.

1.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Развоен проектант
• Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
• Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
• Познавање на системи за управување со бази на податоци;
• Аналитичиност, конструктивност и истрајност во изнаоѓање на решенија;
• Способност за тимска работа и самоиницијативност;
• Способност за одлучување;
• Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

2. Опис на работното место Администратор на бази на податоци
• конфигурација, одржување и управување со базите на податоци;
• планирање на стратегија и архитектура на базите на податоци;
• следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на базите на податоци и предлагање на промени и подобрувања;
• изработка на безбедносни копии и обновување на базите на податоци;
• следење на перформансите и функционирањето на базите и нивно оптимизирање;
• соработка при развој на апликации;
• изработка на упатства, прирачници и стандарди;
• предлагање и реализација на безбедносни политики и обезбедување на безбедносни механизми.

2.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Администратор на бази на податоци
• Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
• Минимум две години работно искуство со администрација на бази на податоци;
• Активно познавање на Microsoft SQL Server;
• Способност за тимска работа и самоиницијативност;
• Способност за одлучување;
• Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 19.05.2017 година, со избирање на работната позиција за која аплицирате.