Опасност од избивање на вируси со топењето на мразот на Арктикот

Опасност од избивање на вируси со топењето на мразот на Арктикот

Подготвил: Маја Пероска

Ревитализирањето на старите вируси можно е еден ден да биде додадено на листата на застрашувачки последици од топењето на мразот.Научниците кои работат на Арктикот во изминатите неколку декади откриле неколку масивни вируси кои можно е повторно да се „разбудат“ ако мразот кој ги сокрил се стопи.


Откриени биле неколку вируси со обемни генетски примероци, па ваквите откритија предизвикуваат загриженост. Сепак, веројатноста дека вирусите ќе се ослободат е мала, според научниот колумнист Карл Зимер, кој вели дека ваквите вируси ги напаѓаат амебите. Тој смета дека постојат толку многу вируси кои циркулираат во живите битија, па смрзнатите вируси би требало да се меѓу последните на нашата листа на грижи.

Тоа не значи дека последните откритија се безначајни. Односно, не учат на вредни лекции за природата на вирусите. Тие се 30 пати поголеми од просечните вируси.

Вирусите технички не се сметаат за живи, но овие кои се џиновски, изгледа дека имаат некои квалитети на живот, како функционален метаболизам.