Интервју со Радован Витошевиќ, Генерален директор на Лајонес Македонија: „Патот до диплома од Универзитетот Шефилд е патот до почеток на успехот“

Интервју со Радован Витошевиќ, Генерален директор на Лајонес Македонија: „Патот до диплома од Универзитетот Шефилд е патот до почеток на успехот“

intervju

Радован Витошевиќ е главен извршен директор на Лајонес Македонија, успешна компанија во исклучително компетитивен пазар. Да се раководи со ваква компанија бара голема умешност, знаење, многу вештини да се пресретне секој предизвик. Менаџирање, согледување на бизнис процеси, антиципирање на движењата на пазарот, аналитички пристап на тековните ситуации, сето тоа е само почеток на долгата листа способности што еден менаџер треба да ги поседува. Искуство или академско знаење, што е клучното во стекнување ваква супериорна основа за градење успешна професионална кариера. Покрај богатото професионално искуство, Витошевиќ има уште побогато академско знаење стекнато на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Кои се предностите од академското искуство стекнато на Универзитет рангиран меѓу стоте најдобри во светот од разговорот со Витошевиќ.

Што најмногу ви помогна во градењето успешна кариера?

Радован Витошевиќ:
Кога ја започнувате кариерата, уште на првото работно место, можете да се споредите со останатите колеги во однос на основите и знаењата кои ги поседувате и веднаш точно знаете каде ќе ве однесе кариерата. Уште на првиот работен ден ја согледувате таа конкурентска предност која веќе ја имате во себе и точно знаете дека имате веќе стекната основа за голем успех кој ќе дојде во блиска иднина. И тогаш ви доаѓа она убаво чувство и верба во самиот себе си дека наскоро ќе се случи нешто извонредно во мојата кариера. Секако зборувам за мојата квалитетна формалната едукација и мојата веќе создадена работна навика која сум ја стекнал на факултет. Желбата за успех и амбициите за кариерата се нешто што искрено ги стекнав откако осознав дека сум понапред од останатите колеги и дека успехот е неизбежен. Не ги потценувам луѓето кои преку неформална едукација и личен развој дошле до неверојатен и брз успех, но за сите останати 99% од луѓето во светот, доколку сакате уште од прв ден да сте најценет вработен во организацијата во која работите и доколку сакате долгорочно да успеете во кариерата, би ви препорачал пред што било да почнете да работите, најпрво да ја завршите формалната едукација!

intervju

Покрај дипломата, што точно добивте со студирање на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ?

Радован Витошевиќ:
Дипломата, што е сертификат за мое лично достигнување и меѓународно признат документ за високо образование, за мене претставува симбол на цела една измината ера од мојот живот. Додека сум студирал, верувам, сè уште не сум бил доволно свесен за тоа каква инвестиција во самиот себе сум направил со завршување на високото образование на овој универзитет. Не зборувам за парите кои моите родители ги вложиле, што сега разбирам дека се ситница во споредба на она што сум го добил назад, тука зборувам за вредните пријателства што сум ги стекнал во процесот, за стручните знаење што сум ги добил кои и денеска се со времето, за прекрасните професори кои ми станаа и лични ментори, но најважно, универзитетот ми помогна да се осамостојам уште на млади години, да бидам свој и независен човек. Ме научи како да донесувам сопствени животни одлуки! Со други зборови, Универзитетот Шефилд, ме оспособи да влезам успешно во реалниот свет. Стекнав навистина вистински животни вредности, напредно знаење и излегов како човек кој е спремен позитивно да придонесува за општеството во кое живее.

Дали академските знаења беа лесно апликативни во Вашата професија, и како ви помогнаа на тековната работна позиција во Лајонес Македонијa?


Радован Витошевиќ:
Стручноста која ја стекнав на Меѓународниот факултет е непроценлива. Научив што е тоа меѓународна комуникација и формална коресподенција! Поради тоа и поради фактот што програмата се одвиваа комплетно на висок англиски јазик, многу полесно добивав работа, но и ми беше доста поедноставно отколку на другите колеги да се адаптирам во меѓународна и мултикултурна атмосфера. Основна потреба во глобалните компании е јазикот и писменоста во комуницирањето. Исто така, од огромна помош на почетокот ми беше стекнатото факултетско знаење во доменот на финансиско работење и сметководството. Тоа ми помогна да креирам една стабилна финансиска состојба за компанијата. Во првата моја работа која ја работев сè уште не можеа да дојдат до израз моите генерални знаење што ги стекнав за економијата, лидерството и менаџментот. Но сега, лесно и ефикасно ги применувам сите тогаш научени принципи, од доменот на: стратешкиот менаџмент, маркетингот, лидерството, логистиката, организациско однесување, макро и микро економија, човечки ресурси. Сите овие компетенции, ми овозможија успешно да менаџирам огромен број бизнис процеси, но уште поважно, способност да водам голем број луѓе кон успех и со тоа да го воздигнам Лајонес како компанија која е лидер на пазарот.

Зошто Универзитетот Шефилд? Што беше најбитниот фактор во изборот на образовна институција за Вашата доедукација?

Радован Витошевиќ:
Морам да бидам искрен и да признам дека најпрво ми беше привлечен рејтингот на Универзитетот Шефилд. Ми звучеше како вистински предизвик да учам и завршам на еден од најдобрите 100 универзитети во светот. Имав вистинска верба дека дипломата што ќе ја добијам ќе биде признаена од било која компанија што утре ќе го добие моето CV. Не знам дали беше среќа, но навистина веднаш штом го завршив факултетот, тоа беше почетокот на летото 2007 година, јас во октомври 2007 веќе бев на моето прво работно место. Добив работа во меѓународна компанија и тоа без никакви врски. Можам да се пофалам дека искуството од Шефилд ме поттикна да можам на своја 21 година, со завршен факултет, јас да бидам независен човек. Дали тоа доволно ви кажува? Јас навистина не знам за ниеден човек од мојата генерација на Шефилд што денеска не е успешен во својата кариера! Разликата помеѓу останатите универзитети и Шефилд е во тоа што Шефилд нуди современа и практична програма! Немаше да бидам многу продуктивен за општеството ниту за Лајонес доколку посетував едукативна настава која не е апликативна во реални околности, зарем не? Ете затоа се решив за Шефилд! Кога започнав со студирање ми се докажа дека програмата е современа, а универзитетот нуди одлична и модерна атмосфера за образование. Имавме доста практични вежби од професори кои навистина демонстрираа реално бизнис искуство  и организирани посети во вистински компании.

Едукацијата е првиот и најлесниот чекор, а потоа доаѓа работата која го креира искуството. Кога собрав доволно работно искуство донесов одлука да се доедуцирам, бидејќи треба сите да сме свесни дека без разлика колку сме успешни, не знаеме што не знаеме и секогаш можеме да научиме повеќе! Со таа помисла и со желба за поголем успех, во 2012 година се запишав на EMBA (Executive Master in Business and Administration) програмата, и тоа повторно на „мојот” универзитет. И освен што добив напредна едукативна програма која се одржа во Солун и Шефилд (Англија), се здобив и со светско признаена диплома за магистратура од AMBA (Association of MBAs). На сите вас идни и сегашни професионалци, што сè уште се мислите каде е најдобро да го завршите вашето високо образование, топло и од се срце ви го препорачувам Универзитетот Шефилд!