Мајка покажала како изгледа постнаталната депресија преку две фотографии

Мајка покажала како изгледа постнаталната депресија преку две фотографии

Подготвил: Маја Пероска

Кети ДиВиченцо споделила моќна порака во врска со постнаталната депресија, објавувајќи две фотографии на социјалната мрежа „Facebook“.

фото извор: Danielle Fantis Photography

Таа ја споделила објавата на почетокот на месец мај, кој исто така е и месец за зголемување на свесноста за оваа состојба од која страдаат 1 од 10 мајки во годината кога ќе родат дете.

Состојбата се одликува со чувство на тага кое обично започнува две недели по раѓањето на детето. Фотографиите ги направила пријателка на Кети, која е воедно и професионален фотограф. Кети на својот профил напишала:

„Вистината е дека и двете фотографии го претставуваат мојот живот во зависност од денот. Потешко од тоа да ги имате двете состојби е да се преправате дека ги немате. Сигруно многумина ќе помислат дека сум слаба, луда и ужасна мајка, но знам дека не сум сама во овие мисли. Мораме да ги дознаеме знаците, симптомите, ризик факторите и плановите за поддршка за постнаталната депресија. И ако никој до сега не ви кажал, вие извршувате одлична работа. Сакани сте и вредни. Не сте сами. Знам колку е тешко да посегнете по помош, но ви ветувам дека вреди. Вие вредите.“