Оглас за вработување во Биотек Доо

Оглас за вработување во Биотек Доо





Биотек Доо, објавува оглас за регрутирање на професионални кадри – потенцијални кандидати за позицијата:

Претставник за продажба

Претставникот за продажба е одговорен за унапредување на продажбата, како и испорака на квалитетни услуги кон своите клиенти.

Главни одговорности:
•    Организирање на продажбата, реализација на зададените планови и таргети
•    Континуирано следење, евиденција на процесите и процедурите во продажба
•    Комуникација со деловни партнери – клинички центри, болници, приватни клиники/болници и одговарање на барања
•    Посета на потенцијални и тековни клиенти, договарање на продажба и презентација за ракување со лабараториската опрема, уреди, реагенси
•    Изработка на понуди, договори и други административни задачи
•    Иницијативност и координативност при промовирање на брендовите.

Потребни способности и вештини:

•    Одлични комуникациски и развиени презентерски способности
•    Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
•    Мотивирана и стабилна личност
•    Флексибилност за индивидуална и тимска работа
•    Иницијативност и насоченост кон резултати
•    Желба за учење и напредок во областа на работење
•    Флексибилност за работа на терен.

Очекувани квалификации:
•    ВСС – Медицински Факултет, Фармацевтски Факултет, Биохемиски Факултет, Економски Факултет
•    Работно искуство во комерцијално работење и продажба на исти или слични производи е пожелно
•    Активно работно користење на англиски јазик (пишан и говорен)
•    Работно користење на компјутер – MS office
•    Задолжително поседување на возачка дозвола Б-категорија, активен возач.


Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија на е-маил finance@biotek.com.mk