Во кафуле во Прага, пијалоците не се плаќаат ниту со картичка, ниту со готовина, туку со нешто трето

Во кафуле во Прага, пијалоците не се плаќаат ниту со картичка, ниту со готовина, туку со нешто трето

Подготвил: Б.Б.


Огласна табла пред кафуле
(Фото: Paralelni polis)

Прага е град со многу историја и знаменитости, а пиењето кафе на градските плоштади има долга традиција, која ја следеле и великани како Кафка и Ајнштајн. Во денешното дигитално време, оваа традиција не згаснува, туку прави обиди да внесе што повеќе интересни содржини при овој „обред“.

Имено, кога ќе одлучите да го посетите кафулето „Паралелен полис“ во квартот Холешовице, нема да ви треба паричникот, затоа што тука секоја нарачка се плаќа со биткоини. Или попрецизно, во ова кафуле единствено средство со кое можете да платите за нарачаните пијалоци, е веќе споменатата криптовалута.

Кафулето е основано од страна на анархистичко етичкиот колектив на хакери Зтоховен, како што самите се нарекуваат, па воопшто не е необично што одлучиле да ја прифаќаат само оваа „валута“, убедени дека иднината всушност ќе биде токму во неа. На пример, келнерката Алжбета Свободова во својот рачен зглоб има вметнат имплант поврзан со биткоините, и така никаде не оди без својот виртуелен паричник.

Таа објаснува дека целта е оваа криптовалута да се приближи до обичните луѓе и дека кафулето не е наменето за хакерите, туку првенствено за едукација на луѓето дека постојат различни форми на плаќање, кои во иднина ќе можат да ги заменат постоечките.

Посетителите не мораат да имаат свој чип, а ако не знаат каде можат да набават биткоини, истото можат да го направат на самиот влез во кафулето, каде е поставен Биткоин конвертер.

Кафулето во Прага што наплаќа во биткоини