Јужна Кореја гради „град“ само за автономни возила

Јужна Кореја гради „град“ само за автономни возила

Подготвил: Б.Б.


Колона автомобили
(Фото: Screenshot)

Во Јужна Кореја почна изградба на најголемиот полигон за тестирање на автономни возила во светот.

На површина од речиси 36 хектари ќе бидат изградени патишта, автопатишта, раскрсници, паркинзи и други бројни содржини кои ќе имаат задача да симулираат реални услови со кои ќе се сретнуваат автономните автомобили во вистинските градови.

Полигонот за тестирање ќе се вика K-City, а ќе биде отворен за сите компании кои ќе сакаат да ги тестираат своите модели на самостојни автомобили. Проектот го покренува јужнокорејската власт, а го води Министерството за сообраќај и инфраструктура под надзор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот.

Вкупната инвестиција чини околу 10 милиони долари, а отворањето на првите делови од овој „град“ е најавено за октомври годинава, додека потполна функционалност K-City би требало да добие во првата половина од 2018 година.