За 60 денари си доби КИА Спортаж

За 60 денари си доби КИА Спортаж

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија  , ја продолжува својата АВАНТУРА , овој пат во Виница. Среќниот добитник Славчо Стојков и неговите внуки низ улиците на Виница ќе се возат во својот нов автомобил КIA SPORTAGE.



Славчо  е еден од упорните трагачи по среќата и добивките во инстант лотаријата , па секојдневно гребе по неколку инстант лоза. Порано гребел многу пати ТВИНГОМАНИЈА ,  а потоа и лозот  СРЕЌНИ ТРКАЛА бил еден од неговите фаворити. По започнувањето на инстант лотаријата АВАНТУРА, таа станува негова омилена игра на среќа па така и  овој пат се упатил во Среќното место ВИ - ВАРДАР  во Виница и купил неколку инстант лозови АВАНТУРА. Пензионерот од Виница бил пресреќен во моментот кога сфатил дека новиот автомобил КИА СПОРТАЖ , ќе стане негов. Убавата вест веднаш ја споделил со своите најблиски , и ни откри дека убавецот најпрво ќе го вози неговата најстара внука , а другите две внуки сега имаат поголем мотив за полагање на возачки испит.

Денес , во Скопје , Државна лотарија на Македонија и Марјана , му ги врачија  клучевите , а тој заедно со своите внуки и се израдува на добивката и замина со нов автомобил во Виница.

Инаку , инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари., а секој трет лоз е добитен.

Играчите на инстант лозот  Авантура  за само 60 денари  имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!

         
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !