Научниците открија вода на планета надвор од Сончевиот систем

Научниците открија вода на планета надвор од Сончевиот систем

Подготвил: Тамара Гроздановски

voda
Фото: NASA


После најновите истражувања, научниците открија голема количина на вода во примитивната атмосфера во една планета надвор од нашиот Сончев систем, вели Дејвид Синг, професор на Универзитетот во Егзетер.

Синг изјави дека атмосферата на оваа планета, која е оддалечена од Земјата околу 430 светлосни години, речиси целосно составена од водород и хелиум, со релативно облачно небо.

Тимот составен од меѓународни истражувачи, предводени од Синг и Хан Вејкфорд од НАСА, го спроведуваат истражувањето на оваа планета, која поради големината, научниците неофицијално ја нарекуваат „топлиот Нептун“.

Примитивната атмосфера на оваа планета води до претпоставката дека била создадена или откако бил формиран Нептун или се формирал поблиску до своето сонце, отколку студената планета во нашиот Сончев систем.

Ова откритие би можело да го промени мислењето на научниците за тоа како се развиваат планетарните системи во оддалечените галаксии.

Откривањето на „топлиот Нептун“ за сите оние кои учествувале во истражувањето претставува момент за паметење.