Универзитетот на Југоисточна Европа го објави Конурсот за запишување на студенти  во двата циклуси на студии за новата академска 2017/18 година

Универзитетот на Југоисточна Европа го објави Конурсот за запишување на студенти во двата циклуси на студии за новата академска 2017/18 година

Универзитетот на Југоисточна Европа на прес-конференцијата  која се одржа денес го објави Конурсот за запишување на студенти  во двата циклуси на студии за новата  академска 2017/18 година.



Понудата на студиските програми е дизајнирана за да ги балансира знаењата и потребните вештини за потребите на пазарот на трудот кои ќе бидат на исто ниво со најнапредните практики  на заедничкиот  европски високобразовен простор.
Според, ректорот проф.д-р Замир Дика, оваа академска година УЈИЕ ќе конкурира со иновативни  и уникатни иницијативи, јасно прикажувајќи ги конкурентните предности кво однос на другите.

„На пет факултети  Бизнис и економија, Современи науки и технологии, Правен, Јавна администрација и политички науки, Јазици, култури и комуникација, со вкупно 14 додипломски студиски програми,  23 магистерски програми според моделот 3+2 и 4+1 и 3 специјалистички едногодишни мастер програми интегрирани со практиката  се очекува да се запишат вкупно1100 студенти“  истакна ректорот Дика. Од оваа академска година ние го воведуваме системот за туторство за секој студент кој ќе се запише на универзитетов. Секој студент ќе има помош од наставник/ тутор кој ќе го поддржува во достигнувањето на академските и на личните искуства, советувајќи го и подготвувајќи го за идната кариера. Исто така, персонализирањето на  наставата, притоа прилагодувајќи се со изведбата на секој студент а  уште еден многу значаен елемент   е што содржините на сите предмети, без исклучок, се поставени на платформата google classroom. Многу е значајно е и интегрирањето на практичната настава која е овозможена преку професионалниот кадар во рамките на клиничката  настава преку студии на случај и моделите на симулација преку единствената соработка на Центарот за кариера, Технолошкиот парк и Центарот за развој на бизнисот, понудувајќи поголем квалитет за директно соочување со реалниот пазар на трудот.

„ Од оваа академска година на секој факултет најмалку еден предмет ќе биде предаван од меѓународен професор за да се продолжи со традицијата и со искуството на меѓународните партнер-универзитети. УЈИЕ  се повеќе се  потврдува како меѓународен универзитет   и со фактот дека  22 лектори од центарот за јазици интензивно ги подготвуваат сите студенти со англиски јазик, како и мобилноста на студентите  со која тие добиваат право на  студии и престој во различни европски универзитети“  рече ректорот Дика.

Според него, значајни се и студиските програми кои се нудат во соработка со Универзитетот во Лондон – ЛСЕ во полето на бизнисот и економијата и заедничката програма со универзитетот во Љубљана  за Европски студии. Исто така,  со помош на Германската Влада и практиките на специјалистичките програми  во три модули  (50%50 %) компаниите  нудат стипендии  за студирање на специјалистичките едногодишни мастер студии во областа на менаџмент со логистика и синџир на снабдување; менаџмент на продажба и компјутерски криминал.

Оваа година,  интегрираниот Конкурс се објавува за двата циклуси на студии и фокусот ќе биде врз квалитетот на прогресот на постоечките студенти  на докторски студии.