„Биг Бен не беше почеток на универзумот, туку крај на нешто друго“

„Биг Бен не беше почеток на универзумот, туку крај на нешто друго“

Подготвил: Б.Б.


Експлозија во универзумот (илустрација)
(Фото: Thinkstock)

Теорискиот физичар, Шон Керол од Калифорнискиот технички универзитет, за „Бизнис инсајдер“ открива дека никој со сигурност не може да знае што постоело пред Големата експлозија.

Во својата најнова книга „The big picture“, Керол наведува дека ниеден научник не може со сигурност да тврди дека пред Биг Бенот не постоело ништо.

„Наспроти тоа што моите колеги со апсолутна самоувереност тврдат дека Големата експлозија претставува почеток на универзумот и дека пред тоа не постоело ништо, моето мислење е дека сепак станува збор само за еден вид предвидување на Ајнштајновата теорија за релативноста – теорија за настанокот на универзумот, времето и гравитацијата што моментално најмногу се поклопува со податоците со кои располагаме“, истакнува Керол.

„Теоријата за Големата експлозија според тоа е само крај на нашето теориско разбирање. Кога би имале поголемо знаење за просторот и времето, најверојатно би рекле дека пред тој настан постоело нешто друго. Некој вид универзум што му претходел на нашиот“, додава тој.

Физичарот истакнува дека вистината всушност е дека нашето научно разбирање на овие аспекти од историјата на универзумот сѐ уште не се доволно развиени за донесување конечни заклучоци.