Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме оваа недела?

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме оваа недела?

Денес е понеделник, 15 мај 2017 година, 135-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:09, а ќе зајде во 19:49 часот. Денот ќе трае 14 часа и 40 минути.

Првото утро во новата работна седмица го започнуваме со сончево и надпросечно топло време. Во југозападните предели имаме појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Денеска нема да важи нароната поговорка дека денот се познава по утрото, барем кога се во прашање временските услови. Во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло со појава на локална облачност, ветровито и топло време. Попладне зголемување на облачноста и развој на нестабилност која што во доцните попладневни часови во северозападните, западните, југозападните и североисточните предели ќе услови врнежи од дожд и грмотевици, а во вечерните часови врнежите ќе се прошират и во останатите предели од држават. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 18 односно до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност попладне и топло време. Доцна попладне и навечер со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 12 степени, додека пак максималната дневна до 27 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник и среда ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со пад на температурите. Во вторник утринските од 7 до 16 степени, а максималните од 14 до 23 степени, додека пак во среда утринските од 5 до 14 степени, а максималните од 13 до 22 степени. Од четврток се очекува стабилизација на времето и пораст на дневните температури. Во четврток и петок сончево и потопло време со максимални температури што ќе се движат во интервал од 17 до 26 односно од 20 до 29 степени.

Weather4all.com.mk