Кои се разликите помеѓу студирањето на приватен и државен факултет?

Кои се разликите помеѓу студирањето на приватен и државен факултет?

Постојат различни ставови на луѓето во врска со оваа тема. Најчесто тргнуваме од стереотипите дека на приватните факултети секој се запишува за да дојде полесно до диплома, додека државните факултети се оние на кои се учи и на кои треба да се „загрее“ столчето за студентот да добие диплома.

anketa

Анкетата во продолжение спроведена врз 202 испитаници, каде возрасната група на анкетираните најчесто се движеше од 18-24 години, нудат мошне интересни податоци.

Од анкетираните, од вкупно 100%, 71.3% се студенти од кои 73.4% студираат на државен факултет, а 26.6% студираат на приватен. Ова покажува дека во нашата држава државните факултети сè уште се доста доминантни.

57.4% од студентите сметаат дека токму државните факултети нудат повеќе предности, односно на приватните факултети студентите се запишуваат само за да земат диплома. 58.4% сметаат дека државните факултети нудат поголема шанса за вработување, 22.8% сметаат дека приватните факултети нудат подобри шанси за вработување, додека 18.8% сметаат дека не постои разлика, туку е важно стекнатото знаење и пракса.

Кога станува збор за полагањето на предмети на приватен факултет, 57.9% од испитаниците сметаат дека на приватен факултет може многу лесно да се положи предмет без да биде вложен труд за истото, додека 42.1% сметаат дека приватните факултети не го изгубиле авторитетот - надоврзувајќи се на ова, 38.8% од студентите на државните факултети сметаат дека се подобри од студентите кои студираат на приватен факултет, додека 61.2% не го делат истото мислење.

Привилегиите кои ги носи дипломата во друга држава, според 48.5% се поголеми доколку студентите имаат диплома од државен факултет, според 25.2% се поголеми привилегиите доколку дипломата е од приватен факултет, а за 26.2% не постои разлика.

Резултати од анкетата „Разлики меѓу студирање на приватен или државен факултет“

Автори: Мирко Славковски. Мартин Стојчев, Теодор Индов