Необичен дипломски труд на студент на Харвард

Необичен дипломски труд на студент на Харвард

Подготвил: Маја Пероска

Студент на престижниот американскиот универзитет „Харвард“ за дипломска работа по англиски јазик го предал својот дебитантски рап албум, за што добил бројни пофалби.

фото извор: REUTERS/Brian Snyder

Претставниците на универзитетот истакнале дека Обаси Шо е првиот студент во историјата на тој универзитет кој на отсекот за англиски јазик, како дипломски труд го предал својот рап албум. Во албумот се споменуваат „Кентерберијските приказни“ на Џофри Чосер од 14 век, како и други литературни класици.

Шо добил оценка „А“, што ќе му обезбеди да дипломира со највисоки почести. Тој рекол дека е изненаден од позитивните реакции од Харвард.

Шо пораснал во Атланта слушајќи христијански рап, но пред две години почнал да го слуша Кендрик Ламар кој се стекнал со популарност со песните за црнците во Америка.

Посебно ја ценел нивната подготвеност да се вклучат во прашаата за расата, верата и идентитетот на црнците, што се нашло и во неговата дипломска работа.