Астролози тврдат дека ја пронашле најстарата позната човечка населба - Атлантида

Астролози тврдат дека ја пронашле најстарата позната човечка населба - Атлантида

Подготвил: М.Д.

На 50 километри од брегот на Западна Австралија тим археолози ја пронашле најстарата позната човечка населба на овој континент.

пештера
Фото извор: Thinkstock

Пронајдени се коски и артефакти стари 50.000 години во пештера во близина на Бароу островот.

Најголемиот дел од областа кој го населувале древните Абориџини сега се наоѓа под вода. Локалитетот кој неодамна е пронајден, напуштен е пред 7.000 години кога се подигнало нивото на морето.

„Пештерата е користена како засолниште на ловците пред 30 до 50 илјади години. После тоа служела како стамбена база за семејства“, се вели во изјавата на лидерот на студијата Питер Вет, од универзитетот во Западна Австралија.

Пештерата Буди е преполна со остатоци кои сведочат за животот на луѓето во Австралија во далечното минато.

„Оваа пештера е како Атлантида на Југот“, смета Вет.