Интимни портрети на млади бунтовници од 70-те низ објективот на еден професор

Интимни портрети на млади бунтовници од 70-те низ објективот на еден професор

Подготвил: Тамара Гроздановски

buntovnik
Фото: Joseph Szabo

Пред Џозеф Сабо да стане светски признат фотограф, тој бил професор во средното училиште Малверне на Лонг Ајленд. Во текот на првите денови на работа Џозеф сфатил дека ќе му биде потребно нешто посебно за да успее да го „улови“ вниманието на неговите ученици. Затоа, на час, со себе ја зел и неговата камера.

„Никогаш немав никаква агенда со моето фотографирање - никогаш не беше нешто со кое би заработувал пари, едноставно имаше за цел да се поврзам со младите луѓе. Отсекогаш сум се обидувал да ги фатам тие лични моменти, секако на искрен начин, и да покажам што луѓето точно прават. Сите овие луѓе и моменти ми значат премногу. Тие ми помогнаа да ги сфатам луѓето и ми дозволија да се поврзам со нив низ годините. Се надевам ќе им значат и на другите луѓе“, вели тој.