Вработување во МАКПЕТРОЛ... Отворени се 8 (осум) работни места во повеќе градови

Вработување во МАКПЕТРОЛ... Отворени се 8 (осум) работни места во повеќе градови

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односн. „Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува

ОГЛАС

За вработување на 8 работници на определено време, во „Макпетрол" АД. Скопје, на работно место продавач II категорија и продавач касиер I категорија на бензинските станици на територија на Република Македонија, и тоа:

Регион Скопје
- 6 работиици на определено време од 3 месеци, од кои:
- продавач II категорија 4 работници;
- продавач касиер I категорија 2 работници;

Регион Охрид. за бензинска станица во Дебар
- 1 работник на определено време од 3 месеци, од кои:
- продавач II категорија 1 работник

Регион Струмица. за бензинека станица во Струмица
- 1 работник на определено време од 3 месеци, од кои:
- продавач II категорија 1 работник

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно стручно образование;
Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 15. 600 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена сошасно Законот за работните односи.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол" А. Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 Скопје
лице за контакт: Марија Тодороека
телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.

Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.