Епл отворено им нуди пари на оние кои се откажуваат од Андроид

Епл отворено им нуди пари на оние кои се откажуваат од Андроид

Подготвил: М.Д.

Компанијата Епл неодамна го предизвика Гугл на двобој за лансирање на голема кампања со која директно ги повикува потенцијалните корисници да се откажат од Андроид телефоните.

ајфон
Фото извор: Apple


Кампањата се нареква „префрлување на Андроид“, а за истата технолошкиот гигант има објавено пет видеа. Епл во новата кампања ветува дека „животот е полесен со Ајфон“.

„За разлика од многу други телефони, важните податоци во Вашиот Ајфон се под енкрипција и заштитени со Ваша шифра“, велат од компанијата.

Имено, компанијата нуди и до 250 долари на корисниците кои стариот Андроид телефон ќе го заменат за нов, а сумата зависи од видот на телефонот. Повеќе од 81% од телефоните во светот користат софтвер на Гугл, во споредба со 18% на Епл.

Самсунг е најпопуларниот производител во текот на минатата година и дури 20% од сите продадени телефони во 2016 потекнуваат од оваа компанија. На Епл припаѓа 14% од тој пазар.