Фотограф го шета светот за да открие што носи иднината за човештвото

Фотограф го шета светот за да открие што носи иднината за човештвото

Подготвил: М.Д.

Како ја замислувате иднината? Алберто Џиулиани ќе Ви каже дека луѓето ќе ги клонираат своите кучиња, и ќе престојуваат во хотели опремени со персонал роботи-диносауруси.

алберто џулиано
Фото извор: PESARO NOTIZIE


Овој италијански фотограф поминал 15 месеци низ 8 земји патувајќи низ светот и фотографирајќи за неговиот серијал „Човештво што преживува“.

„Читајќи вести за климатските промени, мигрантите и војните сфаќам дека иднината не е толку јасна,“ вели тој. „Се обидов да сфатам што ќе направиме за да се справиме со предизвиците.“

Патувањето започнало кога синот на неговата девојка го прашал каков ќе биде светот кога тој ќе порасне. Наместо одговор, тој си го поставил прашањето уште еднаш на себе. Започнал да истражува за компании и организации кои го подготвуваат човештвото за следните милениуми и почнал да ги посетува овие меаста. Посетил 14 неверојатни локации од кои донел многу материјал за правење на неговиот серијал. Го пронашол и проектот на НАСА кој симулира живот на црвената планета, каде астронаутите одгледуваат зелена салата која расте половина година.

Џиулиани се надева дека евентуално ќе документира луксузни бункери каде богатите луѓе би живееле по апокалипсата, и можеби и трансплантација на глава. Тој вели и дека истребувањето на животните и зелените површини се сменат многу нешта во нашите животи и дека работите ќе стануваат потешки.

Никој не знае што не чека во иднина, но Џиулијани ја има подготвено својата камера барем да се обиде да претпостави.