НЛБ Банка објавува оглас за вработување! Отворени се 3 (три) работни позиции

НЛБ Банка објавува оглас за вработување! Отворени се 3 (три) работни позиции

НЛБ Банка вработува „Развоен проектант” “Администратор на бази на податоци” и “Систем инженер” во Сектор за информатичка технологија Ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиенти, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба, соработка и почит меѓу членовите на тимот и соработниците се основни начела и вредности на нашето работење/делување.

Доколку ги споделувате/се препознавате во овие вредности ви нудиме работа во динамично опкружување со бројни можности за обука и професионален развој во нашиот Сектор за информатичка технологија на следниве работни позиции:

1.Развоен проектант
2.Администратор на бази на податоци
3.Систем инженер


Отворените работни позиции ви нудат можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

Во продолжение се и описите на работното место, за кое покрај техничките вештини потребни се и основни „софт“ вештини за комуникација со интерни деловни корисници:

1.Опис на работното место Развоен проектант
Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите;
Менторство, советување и поддршка на корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи;
Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија;
Менторство и пренос на знаења;
Учество во проектни групи.

1.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Развоен проектант
Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
Познавање на системи за управување со бази на податоци;
Аналитичиност, конструктивност и истрајност во изнаоѓање на решенија;
Способност за тимска работа и самоиницијативност;
Способност за одлучување;
Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

2. Опис на работното место Администратор на бази на податоци
Конфигурација, одржување и управување со базите на податоци;
Планирање на стратегија и архитектура на базите на податоци;
Следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на базите на податоци и предлагање на промени и подобрувања;
Изработка на безбедносни копии и обновување на базите на податоци;
Следење на перформансите и функционирањето на базите и нивно оптимизирање;
Соработка при развој на апликации;
Изработка на упатства, прирачници и стандарди;
Предлагање и реализација на безбедносни политики и обезбедување на безбедносни механизми.

2.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Администратор на бази на податоци
Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
Минимум две години работно искуство со администрација на бази на податоци;
Активно познавање на Microsoft SQL Server;
Способност за тимска работа и самоиницијативност;
Способност за одлучување;
Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

3.Опис на работното место Систем инженер
Одржување, надзор и имплементација на сервери и сервиси Windows Client Server 2008/2012 инфраструктура со повеќе AD контролери, дистрибуирана Exchange платформа и Microsoft сервиси Web и File сервиси, во физичка и виртуелизациска околина (HyperV и VMware);
Управување и поврзување со централни Storage системи;
Поддршка на клиентска Windows инфраструктура.

3.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Систем инженер
Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
одлично познавање, специјализација и искуства во системско одржување и администрација на Windows Client Server 2008/2012 Exchange платформа
Способност за тимска работа и самоиницијативност;
Способност за одлучување;
Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Заинтересираните своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк заклучно со 31.05.2017, со избирање на работната позиција за која аплицирате.