Што студирале најпознатите директори од ИТ секторот?

Што студирале најпознатите директори од ИТ секторот?

Подготвил: Б.Б.


Илон Маск
(Фото: Youtube)

Денес тие се најбогати и најуспешни луѓе на светот. Пред дигиталната револуција, тие седеле во ученичките клупи, а списокот на нивните интереси и факултетите кои ги посетувале неодамна ги објави „Бизнис инсајдер“.

Ред Хејстингс – извршен директор на „Нетфликс“

Познатиот бизнисмен студирал математички и компјутерски науки на Стенфорд. Тој ги напуштил студиите во период од една година, за да се посвети на работата како продавач на правосмукалки по принципот „од врата до врата“, работа која претежно ја работел преку лето. На факултет бил познат по клубот што го водел, а преку него организирал планинарење, качување по карпи и веслање кану.

Џек Ма – извршен директор на „Алибаба“

Џек Ма се стекнал со диплома од училиштето за бизнис „Чеунг Конг“ и англискиот универзитет „Хенгжу Нормал“. Како и многу други познати личности, и тој не успеал при првиот обид да се запише на колеџ. Ниту од вторпат. Ниту пак од трет... туку дури од четвртиот обид, а денес за него можеме да кажеме дека „тежи“ повеќе од 30 милијарди долари.

Сузан Војчицки – извршна директорка на „Јутјуб“

Завршила на бизнис училиштето УКЛА Андерсон, основни студии на Харвард на насоката историја и литература, а магистрирала економија на колеџот „Санта Круз“. Таа потекнува од семејство на академици, па според тоа од неа се очекувало да има високо образование. Првенствено сакала да запише докторски студии од областа на економијата, но кога ја осетила страста кон технологијата се насочила во сосема друг правец, при што станува 16-ти работник во „Гугл“, компанија која денес е вистински дигитален гигант.

Рид Хофман – извршен директор на „ЛинкдИн“

Директорот на најпознатата бизнис мрежа може да се пофали со дипломи на најпрестижните колеџи. Станува збор за интердисциплинарни студии на симболички системи и когнитивни науки на Стенфорд и филозофија на Оксфорд. 

Тревис Каланик – извршен директор на „Убер“

Тревис не успеал да ги заврши студиите за компјутерско инженерство на калифорнискиот Универзитет во Лос Анџелес, затоа што ѝ се посветил на работата.

Сатја Надела – извршен директор во „Мајкрософт“

Негови области на интерес биле електрониката и компјутерските науки на технолошкиот институт Минипал, на Универзитетот Винсконсин Милвоки и училиштето за бизнис во Чикаго. Иако уште како мал сакал да биде професионален играч на крикет, рано сфатил дека има интерес и љубов кон науката и технологијата.

Елон Маск
– извршен директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“

Студирал физика и економија на Универзитетот во Пенсилванија, Факултет за уметност и наука и на училиштето за бизнис „Вартон“. Пред да се зафати со осмислување на слетувањето на човекот на Марс, Маск како студент изнајмил куќа со 12 спални соби која ја претворил во ноќен клуб, каде понекогаш знаел да пречека и до 500 гости.

Еван Шпигел – извршен директор на „Снепчет“

И тој порано го завршил своето школување на Стенфорд, каде се занимавал со дизајн на производи. Иако му останале само уште три испити до дипломирањето, Еван се одлучи својата енергија да ја вложи во најпознатата социјална мрежа за млади.

Бил Гејтс – основач на „Мајкрософт“

Денешните студенти на кои им е мака да учат, често како пример го споменуваат Гејтс кој не ги завршил студиите на Харвард. Тој дури немал одбрано ни област која би ја изучувал, туку постојано бил окупиран со компјутерите.

Марк Закерберг – извршен директор на „Фејсбук“

Психологијата и компјутерските науки биле изборот на студии кои Марк ги изучувал на Харвард. И тој е еден од „момците од гаража“ кој владее на дигиталната сцена, а воопшто нема завршено факултет.

Џеф Безос – извршен директор на „Амазон“

Ги изучувал компјутерските науки и електрониката на Принстон. Бил многу активен и надвор од наставата и за време на студиите.

Вирџинија Ромети – извршна директорка во „Ај-би-ем“

И таа, како и многуте од оваа листа, завршила електроника и компјутерски науки, но на Универзитетот Нортвестерн.