Телеком со извинување до корисниците

Телеком со извинување до корисниците



Техничкиот проблем којшто се појави како последица на невремето доцна попладнево е отстранет и сите услуги на Македонски Телеком функционираат нормално. Прекин на услугите имаа корисниците во централното подрачје на град Скопје, како и дел од корисниците во останатите градови во Македонија.

Оние кои сѐ уште имаат потешкотии, ги молиме да ја исклучат опремата од напојување во период од 5 минути и прво да го вклучат рутерот, а потоа рисиверот за телевизијата. Доколку повторно се соочувате со проблеми, побарајте ги колегите во Контакт центарот на 122 да ви помогнат.

Им се извинуваме на корисниците за настанатите проблеми и благодариме на разбирањето - се вели во соопштението на Телеком.