Агенцијата за вработување на Република Македонија објавува оглас за вработување за потребите на Проектот „Поддршка за вработување млади

Агенцијата за вработување на Република Македонија објавува оглас за вработување за потребите на Проектот „Поддршка за вработување млади"

SUPPORTING EMPLOYMENT OF YOUNG PEOPLE

This project is funded by the European Union

„Поддршка на вработување на млади, е проект финансиран од Европската Унија. Целта на Проектот е подобрување на можностите за вработување на невработените млади луѓе, преку зголемување на нивните способности (знаење, вештини и однесување). Проектот ги поддржува следниве активни мерки на пазарот на трудот (компоненти на проектот: Практиканство; Обуки за вештини побарувани на пазарот на трудот; Обука за претприемништво; Обука за вештини за барање работа. Краен рок за имплементација на проектот е 30. 1 1 .2017 година. Официјален јазик на Проектот е англискиот јазик. Позицијата наведена подолу е за полно работно време.

Агенцијата за вработување на Република Македонија објавува оглас за следното работно место за потребите на Проектот „Поддршка за вработување млади"

СЛУЖБЕНИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО

Клучни одговорности:

-Службеникот (една позиција) извршува секојдневни активности во рамките на компонентата, под водство на Проектниот менаџер;
-Изготвува план за работа и мониторинг за компонентата и е одговорен за навремено извршување на работата и мониторинг планот во согласност со проектниот договор;
-Изготвува делови од оперативни упатства на Проектот кои се однесуваат за компонентата;
-Обезбедува поддршка и помош во процесот на селекција на работодавачите и кандидатите, ја утврдуваат конечната листа на практиканти;
-Помага на Проектниот менаџер и на службеникот за набавки во подготовката на планот за јавни набавки, врши редовни проверки/мониторинг на квалитетот на активностите кои се преземаат во рамките на компонентата и особено преку следење на имплементацијата на договорите за практикантство;
-Подготвува извештаи за компонентата и придонесува во подготовката на квартални, времени, финални извештаи;
-Собира релевантни податоци; ажурира проектни информации / податоци во проектната база на податоци; придонесува во подготовката за видливост на материјалите во јавноста, извештаите, упатствата и архивирањето итн; обезбедува поддршка и соработка со проектниот тим, итн.

Клучни квалификации:

-Универзитетска диплома;
-Најмалку 2 години соодветно работно искуство како менаџер на задача/проект, вклучувајќи спроведување и / или следење на проектот /програмата ќе се смета за предност;
-Искуство на работа со меѓународни донатори;
-Добри комуникациски вештини со говорење и пишување на македонски и англиски јазик;
-Познавање на работата со компјутери;
-Возачка дозвола.

Работното време изнесува 8 часа дневно, 40 часа неделно, распоредот е понеделниик до петок од 08:30 до 16:30 часот.
Договор за вработување е на определено време до 30. 11. 2017 година, согласно Законот за работни односи.
Нето платата изнесува 28. 000, 00 денари.

Апликантите се повикуваат да ги достават своите Еуропасс работни биографии - CV (http://europass. cedefop. europa. eu) и мотивациони писма на англиски јазик, како и копија на документи како доказ за образованието, работното искуство, вештините
(универзитетска диплома, договори/референци од претходни работодавачи, возачка дозвола) во запечатен коверт по пошта или на рака, на следната адреса:
АВРМ, ул. Васил Ѓоргов 43, 1000 Скопје.
На надворешната страна на ковертот наведете наслов на проектот „Поддршка на вработување на млади, и позиција за која аплицирате и текст „Да не се отвора до сесија на евалуација,

Краен датум за приемот на апликации (CV и мотивациско писмо) е 05. 06. 2017 година, 16:30 часот, a изборот ќе биде извршен во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат известени и ќе бидат интервјуирани. Апликациите пристигнати по истекот на рокот и / или доставени на друг начин (на пример по факс или по електронска пошта) или доставени на други адреси
или доставени на други јазици освен на англиски јазик нема да се разгледуваат. Ве молиме без телефонски јавувања.

Попречни прашања (еднакви можности, етничка припадност и сл) ќе бидат обезбедени и ќе се земат во предвид во сите аспекти на процесот на регрутирање. Овој оглас е исто така објавен на вебсајтот на АВРМ: www. avrm. qov. mk