Манчестер - Првиот терористички напад на „Instagram“ генерацијата

Манчестер - Првиот терористички напад на „Instagram“ генерацијата

Подготвил: Маја Пероска

Џорџина Каландер, 18-годишна ученичка на „Раншо“ колеџот, во насоката социјална заштита, во вторникот беше првата позната жртва на ужасниот терористички напад на концертот на поп ѕвезда Аријана Гранде во Манчестер. Осумгодишната Сафи Русос набрзо беше прогласена за втора жртва.

фото извор: Daily Mail

Најмногу 22 лица страдаа во експлозијата која судејќи по се, е дело на терористи. Она што е познато дека меѓу нив има и деца. 50 лица се повредени, а десетина посетители на концертот и понатаму не се пронајдени во хаосот и метежот кои завладеаја со градот.

Ако е вистина, како што истакна и премиерката Тереза Меј, дека секој терористички напад е дело на кукавица, тогаш во овој имало уште повеќе кукавичлук. Намерно се нападнати деца, кои не можат да се бранат, млади кои дошле да се забавуваат на музиката на својата генерација, со своите пријатели, на концерт кај една од најголемите светски музички ѕвезди.

Во „Батаклан“ во Париз имаше помалку луѓе, но постари. Аријана Гранде е мегапопуларна и втората најплатена личност на Интернет, на чии концерти одат деца, многу од нив заедно со своите родители. Во понеделникот, во Арената во Манчестер имало дури 21 илјада луѓе.

Ова беше напад на „Instagram“ генерацијата, која ја интересираат лајкови и колку прегледи има одреден артист и песна на „YouTube“. Нивната прва средба со бруталноста и немилосрдноста на тероризмот. Во ноќ, која долго ја чекала и сонувала, бидејќи ова е само втора светска турнеја на Аријана Гранде.

Марко Прелевиќ, nedeljnik.rs.