Ново откритие би можело да промени сѐ што знаеме за Земјата

Ново откритие би можело да промени сѐ што знаеме за Земјата

Подготвил: М.Д.

Научниците неодамна дојдоа до револуционерно откритие кое би можело засекогаш да го промени начинот на кој ја гледаме нашата планета и влијанието кое го имаме на неа.

земја


Резултатите од анализа на податоци собрани од сонда на НАСА за истражување на појасот на Ван Ален покажале дека најверојатно луѓето постоеле во времето кога се создало радиоактивното опкружување околу Земјата.

Научниците утврдиле дека радио-брановите на многу ниска фреквенција кои ги емитуваме во атмосферата создаваат некој вид на заштитна бариера против високоенергетските честици кои доаѓаат од вселената.

Радио брановите на многу ниска фреквенција примарно се користат во подморниците во океаните, а таков вид размена на информации не била популарна сѐ до Студената војна. Истражувачите забележале дека во последните неколку децении во исто време дошло до промена во зоните на високо-енергетските зрачења околу Земјата, на основа на што се дошло до заклучок дека најверојатно радио-брановите на многу ниска фреквенција биле тука кога настанале овие промени.