Погледнете како некогаш се прославуваше Денот на младоста и роденденот на Тито

Погледнете како некогаш се прославуваше Денот на младоста и роденденот на Тито

Подготвил: Б.Б.

Иако југословенскиот претседател Јосип Броз Тито бил роден на 7 мај, тој официјално го славел својот роденден на 25 мај, на денот кој во 1957 година, бил прогласен за Ден на младоста.

tito

Главен симбол на празникот била „Штафетата на младоста“ која била носена од младинците низ целата територија на државата, а на 25 мај му ја врачувале на Тито на свеченост која се организирала на стадионот на ЈНА во Белград.

Носители на штафетата биле примерни млади луѓе, најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, односно оние млади луѓе кои се истакнувале со своите знаења, вештини или постигнувања во својата средина и пошироко.

Штафетата му била врачувана лично на Тито, сè до неговата смрт во 1980 година, но традицијата продолжила сè до 1987 година, кога ја примале тогашните претседатели на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија, како симбол на „братството и единството“ во знак на почит и верност кон името и делото на Јосип Броз. Денес, како и многу години наназад, повеќе илјади почитувачи на ликот и делото на Тито ќе го посетат неговиот гроб во „Куќата на цвеќето“ во Белград но и Музејот на историјата на Југославија, каде се изложени сите „Штафети на младоста“.''