Повеќе жени од мажи дипломирале лани на универзитетите во Македонија

Повеќе жени од мажи дипломирале лани на универзитетите во Македонија

На државните високообразовни установи дипломирале 6.589, додека на приватните, дипломи лани добиле 1.640 студенти



Повеќе жени од мажи дипломирале лани на универзитетите во Македонија, но за разлика од 2015 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите е вкупно помал за 2,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 80,5 отсто се редовни, а 19,5 отсто се вонредни студенти. Скоро две третини од студентите, вкупно 64 отсто дипломирале по рокот, а 36 отсто ги завршиле студиите во дадениот рок. Процентот на дипломирани студенти жени изнесува 58 - дипломирале вкупно 8.247 студенти, а 4.787 од нив се од понежниот пол.

- На државните високообразовни установи дипломирале 6.589, додека на приватните, дипломи лани добиле 1.640 студенти. На верските факултети дипломирале вкупно 18 студенти, од кои само една била жена - соопштуваат од Државниот завод.

Традиционално, најбројни се дипломците на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вкупно 3.580 студенти, од кои 2.284 се жени. Далеку најбројни се дипломираните на Економски (696), Филолошки (491), Филозофски (394) и на Педагошки факултет (269 студенти). Најмалку дипломирани има на факултетот за драмски уметности, вкупно 8, но тоа е очекувано бидејќи се запишуваат и малку студенти. Блиску се и Архитектонски факултет, со 11 дипломирани студенти и Факултетот за ветеринарна медицина, со 12 нови дипломи.

На Универзитет „Свети Климент Охридски“ - Битола дипломирале вкупно 871 студент. Од нив најмогу Економскиот факултет во Прилеп (170) и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (169). Троцифрена е бројката и на дипломирани на Педагошкиот факултет (113) и на Правниот факултет во Кичево (109).

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип лани издал 841 диплома, од кои 534 биле за жени. Најбројни се од Факултет за медицински науки (173), Факултет за туризам и бизнис-логистика, Гевгелија (158), Економски факултет (106) и Факултетот за природни и технички науки - 103 студенти.

На Универзитет „Св.Апостол Павле“ во Охрид лани дипломирале 39 студенти, а на Државниот универзитет во Тетово - 1.169 од кои 702 биле жени. На Факултетот за медицински науки дипломирале 187 студенти, на Филозофскиот факултет - 176, на Природно-математичкиот факултет - 169 , на Економскиот - 122, додека на Правниот факултет - 119 студенти.

На Универзитет за туризам и менаџмент - Скопје лани дипломирале 377 студенти, на  Бизнис академијата Смилевски лани дипломи добиле 58 студенти, Меѓународен Славјански институт „Г.Р. Державин“ - Свети Николе издал 266 дипломи, Факултет за бизнис-економија - 62 дипломи, Меѓународниот балкански универзитет од Скопје издал 85 дипломи, Југоисточно европски универзитет од Тетово - 269 дипломи. На Американ колеџ дипломирале 114 студенти, на Европски универзитет - 80, додека на МИТ - Универзитет - 38,