Зошто некои деца се упорни, а некои лесно се откажуваат?

Зошто некои деца се упорни, а некои лесно се откажуваат?

Подготвил: Маја Пероска

Истражувањата потврдиле дека децата спаѓаат во две категории:


1. Оние со фиксиран начин на размислување, кои веруваат дека нивните успеси се резултат на нивниот вроден талент или интелигенција

2. Оние кои веруваат дека нивните успеси се резултат на нивната напорна работа

Фиксиран начин на размислување: „Ако морате да работите напорно, таа работа не е за вас“.

Децата кои фиксно размислуваат веруваат дека се заглавени со онаа интелигенција со која се родени. Сметаат дека ако сте родени за нешто, тоа природно ќе си дојде. Па кога нешто не излезе според нивните очекувања, се чувствуваат заробено, размислуваат дека не се талентирани или паметни како што сите им зборувале. Избегнуваат предизвици, плашејќи се каков впечаток ќе остават во друштвото.

Развоен начин на размислување: „Колку повеќе се предизвикуваш, ќе бидеш попаметен“.

Овие деца веруваат дека интелигенцијата се одгледува – колку повеќе учите, толку сте попаметни. Овие деца сфаќаат дека и генијот мора напорно да работи. Кога ќе се соочат со неуспех, тие веруваат дека можат да бидат подобри ако вложат повеќе труд и време.

Што влијае на тоа какво ќе биде детето? Видот на пофалби кои ги добиваат.

Во една студија психолозите ги поделиле на две групи учениците од петто одделение и им доделиле тестови за интелигенција. Потоа ја пофалиле првата група за покажанта интелигенција. Втората група ја пофалиле за вложениот труд.

Децата кои биле пофалени за трудот барале да решаваат се потешки и потешки задачи и биле мотивирани да научат повеќе. Децата кои биле пофалени за интелигенцијата барале полесни задачи, знаејќи дека така имаат поголема шанса за успех и помалку грешки. Изгубиле верба во себе, па дури и мамеле додека ги броеле резултатите.

Многу е важно децата да научат дека интелигенцијата не е фиксирана. Мозокот е како мускул – што повеќе го користите, толку е посилен. Вежбањето на вештини и учењето на нови работи е начинот на кој мозокот се зајакнува.