10 технолошки иновации кои ќе го револуционизираат дигиталниот свет

10 технолошки иновации кои ќе го револуционизираат дигиталниот свет

Подготвил: Маја Пероска

Технологијата го обликува начинот на кој работиме и живееме со децении. Нашиот свет се дигитализира, а постојано се појавуваат и нови софтвери и апликации кои ни го олеснуваат животот.


Кои ќе бидат следните технолошки иновации и какво влијание ќе имаат? Одговорите ги даваат 10 претприемачи од „Young Entrepreneur Council“. Тие зборуваат за технолошката револуција која ќе се одвива во следните 5 години.

1. Вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција ќе продолжи да носи промени, па ќе оставиме машините да извршуваат повеќе работи. Тоа позитивно ќе се одрази на бизнисот, особено за мене, бидејќи работам со „chatbot“ технологија. – Мареј Њулендс, „Sighted“

2. Виртуелна реалност

Колку долго ќе се чека за луѓето да можат да очекуваат да „поминуваат“ низ веб страници? На пример, ако конструирате дом, ќе биде ли од корист ако се овозможи веб страница преку која посетителите ќе можат да „поминат“ низ креираниот дом користејќи „VR goggles“? Или пак да „поминат“ низ одреден дом пред да резервираат престој преку „Airbnb“. - Мет Дојл , „Excel Builders“

3. „Chatbots“

„Chatbots“ ќе прерасне во стандардна алатка за да помогне со искуството на клиентите и ќе ги преземе некои од најздодевните, но важни задачи, за човечкиот фактор да работи на позначајни области. За мојот бизнис, ќе помогне да се соберат повеќе податоци, преку одржлива комуникација со клиентите за да кај нив да се јави задоволство. - Ендру О’Конор, „American Addiction Centers“

4. Интелигентни вербални интерфејси

Препознавањето на говорот еволуира многу брзо, заедно со гласовните команди на интелигентните лични асистенти. Ќе се зголеми бројот на вербалните интерфејси и ќе се елиминираат тастатурите и маусите. Така ќе се зголеми работничката мобилност и ќе има значителен пораст во вработување на вработувања со далечинско управување. - Диего Орхуела, „Cables & Sensors“

5. „WebAssembly“

Ова е нов стандарден бинарен формат за мрежата. Апликациите кои се составен дел од „WebAssembly“ функционираат брзо исто како оригиналните апликации. Тоа значи дека игрите кои функционираат во пребарувачот се исто така брзи како оригиналните. Посебно се радувам на новите генерации на апликации кои ќе се градат на нашата платформа. Вик Пател, „Future Hosting“

6. Не виртуелна реалност

Не знам што ќе има најголемо влијание во следните 5 години, но тоа нема да биде виртуелната реалност. Уште не е јасно како таа ќе влијае на бизнисот. Многумина се борат да излезат од статичната содржина за некоја радикална промена, па не верувам дека виртуелната реалност ќе биде основен менувач на играта во следните 5 години.  - Сајмон Берг, „Ceros“

7. „Live-Stream“

Очекувам на ова поле многу напредок. Со текот на времето, луѓето ќе се ослободуваат од содржините објавени на социјалните медиуми и ќе сакаат поавтентично искуство. – Лејла Луис, „Be Inspired PR“

8. Испорака преку беспилотно летало

Ова може да донесе и испорака на производи до клиентите, а и забава. Може многу да се постигне со паметното користење на беспилотните летала. – Фирас Китанех, „Amerisleep“

9. Мобилни уреди

За многу бреднови, фокусирањето на платформи кои се наменети за мобилни телефони и уреди, ќе дозволат повеќе интеракции и развој на брендот за многу бизниси. – Брајан Лолес, „BLND Public Relations“

10. „Wearables“

Мрежата ќе има потенцијал да биде повеќе интегрирана во начин на кој го живееме животот, со оглед на развојот на вештачката интелигенција. „Wearables“ ќе биде начин за минимизирање на директната интеракција со мрежата преку автоматско обезбедување на податоци за нас и нашето опкружување, обезбедувајќи ни нов начин за пребарување, консумација и презентирање на информации. – Потер Бонак, „Bonac Innovation Corp“.