ФАКОМ вработува! Нето плата - 22.800,00 денари

ФАКОМ вработува! Нето плата - 22.800,00 денари

Врз основа на член 22 ст. 1 т. 1 и член 23 од Законот за работните односи, член 44 ст. 6 т. 6 од Статутот, ФАКОМ АД -Скопје објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
За прием на работник на определено време на работното место:

1 Техничко административен асистент во Кабинетот на Генералниот Директор 1 (еден) извршител за замена на привремено отсутен работник до негово враќање

Потребни услови:
ВСС Филолошки факултет
- Со и без работно искуство
Познавање на англиски јазик
Познавање на втор јазик германски или италијански јазик
Познавање на работа со компјутер

Кандидатите за горенаведените позиции покрај наведените услови потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон.

Почетната плата за работното место изнесува 22. 800, 00 денари нето износ. Работното време е од 08:0016:00 часот, полно работно време 8 часа дневно, 40 часа неделно од понеделник до петок.

Работодавачот ќе изврши проверка на знаењето и способноста на пријавените кандидати од областа на англискиот, германскиот и/или италијанскиот јазик и од областа на информатиката.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Изборот за горенаведената позиција ќе се изврши во рок од 45 дена, 90 дена или 120 дена согласно чл. 23 ст. 2 од ЗРО, по истекот на рокот за пријавување. Заинтересираните кандидати треба да достават пријава мотивационо писмо со назнака за која позиција аплицираат, CV и доказ за завршено образование, лично или по пошта на адреса ФАКОМ АД -Скопје, бул. Александар Македонски бр. 18, Скопје или по емаил info@fakom.com.mk

Ненавремените и нецелосни пријави нема да бидат разгледувани.