Мрачната страна на работата во Германија

Мрачната страна на работата во Германија

Подготвил: М.Д.

Многу луѓе од Западен Балкан работат во Германија во градежнишвото, без разлика дали се дојдени самостојно или ги упатила нивната компанија. Но, работите не се толку светли како што се чини.

замок


Сведоштвата велат дека има многу нешта кои на јавноста не ѝ се познати.

„Работев во Дизелдорф околу 3 месеца, кон крајот на минатата година. Не прати компанија од Загреб,“ кажува Милјенко Делија од Хрватска, столар и работник на работи во градежништво. Нему сѐ уште не му се исплатени пари за изработеното, а истото е случај и со неговите колеги. Тие пробале да дојдат до своите пари, но никој не ги зема предвид.

Милјенко вели дека тој заедно со колеги не ни знаеле како оди плаќањето, а Германците сешто прифаќале и ветувале. Третиот месец работеле и по 14 часа, но не добиле ништо од ветените награди. На почетокот добивале плата и потпишувале дека не се платени под минималната граница, а сега не можат да добијат ни копии од тие изјави за по правен пат да дојдат до заработените пари.

Советничка од канцеларијата на Советувалиштето за упатување на работници во Хрватска вели дека овој вид проблеми се чести затоа што таквите работници освен на правото од домашната земја подлежат и на правните регулативи на европските земји за кои не се информирани.
Освен неисплатени плати, често не им се исплатени и придонесите, се соочуваат и со лоши услови за работа и престој, но, во голем дел нивните искуства зависат и од работодавачите.