Први гласини за „ајфонот“ што треба да биде претставен идната година

Први гласини за „ајфонот“ што треба да биде претставен идната година

Подготвил: Б.Б.


Зградата на компанијата „Епл“
(Фото: Pixabay)

Иако „Епл“ сè уште ги нема претставено  најновиот „ајфон 7С/7С“ ниту пак „ајфон 8“, затоа што официјалната свеченост е предвидена за три месеци, на интернет веќе се појавија гласини за „ајфон 9“, телефонот кој не може да се очекува во продажба пред септември 2018!

Според овие информации, „Епл“ веќе договорил испорака на ОЛЕД екрани од „Самсунг“ за следната година – наводно, 180 милиони екрани во две различни димензии, со дијагонали од 13,4 сантиметри и 16,4 сантиметри.

Станува збор за поголеми димензии на екранот во однос на постоечките модели, а сè уште не се знае каква ќе биде димензијата на „осумката“ иако вкупните димензии на апаратите нема да бидат значително поголеми, со оглед што „Епл“ планира да ги намали рабовите околу екраните.

Ќе биде интересно да се следи идната стратегијата на „Епл“ – за оваа година во план им е само еден телефон со ОЛЕД екран (ајфон 8), а следната година, ако овие гласини се вистинити, во план им се два модели, па постои можност стандардната постава на телефоните во иднина да им вклучува два телефони со ОЛЕД екрани, додека поевтиниот телефон да го произведуваат со ЛЦД екран, каков што сега е моделот „ајфон 6/6С“.

Овие најверојатно се првите објавени информации за моделот кој „Епл“ планира да го претстави во септември 2018 година, така што пред нас има нешто повеќе од петнаесет месеци кои ќе бидат исполнети со гласини и претпоставки на аналитичарите. Дотогаш, вљубениците во „јаболкото“ со нетрпение ги очекуваат новите годинашни модели, особено „осумката“  за конечно да добијат одговор на дилемите – кои опции ќе ги поседуваат и колкава ќе им биде цената.