Играчката „фиџет спинер“ предизвика проблеми во едно училиште

Играчката „фиџет спинер“ предизвика проблеми во едно училиште

Подготвил: Тамара Гроздановски

Училиште во Киви го забрани користењето на играчките „фиџет спинер“ поради прекините кои ги предизвикувало во и надвор од училницата.

deca
Фото: Amir Cohen

Директорот Рос Тајсон изјави дека наместо да служи за својата цел, оваа нова играчка создава проблеми меѓу учениците, па преку Фејсбук пост училиштето го забрани користењето на играчката.

Тој не е сам - загриженост се појави и во некои училишта во Британија и Америка.

Играчката „фиџет спинер“ е рачен уред кој се врти со два прсти. Оригинално дизајнирана како терапевтско средство за децата со аутизам и АДХД, играчката стекна популарност помеѓу децата. Но, сега играчката предизвикува проблеми во училиштата.

Исто така, децата кои ја немаат оваа играчка се чувствуваат изоставено, па така ако видат на маса, ќе се обидат да ја земат. Меѓутоа, психолозите ги советуваат наставниците - ако видите дека вашите ученици ја користат играчката за време на час, тогаш време е да внесат поголема забава и возбуда во училниците.