За првпат Јупитер сликан од непосредна близина

За првпат Јупитер сликан од непосредна близина

Подготвил: Тамара Гроздановски

Леталото на НАСА, Џуно, кое минатата година влезе во поларната орбита на Јупитер, испрати драматични фотографии од најголемата планета во Сончевиот систем.

1
Фото: НАСА

На фотографиите се гледаат масивни облаци во атмосферата на оваа планета, огромни циклони и големи текови на амонијак што заедно го прават спектакуларниот временски систем Јупитер. Мисијата со леталото вредно 1.1 милијарда долари има за цел леталото да помине низ густите облаци кои ја покриваат планетата, и да дознае како се формирал Јупитер, а со тоа и останатите планети во Сончевиот систем пред повеќе од 4 милијарди години.

„Бевме многу возбудени кога стигнаа фотографиите. Моравме да бидеме трпеливи, но наградите за тоа се фантастични“, вели физичарот Фран Багенал од Универзитетот во Колорадо, кој на мисијата ѝ се придружил уште од самиот почеток, пред повеќе од 10 години.

2
Фото: НАСА

Леталото Џуно патуваше скоро шест години и притоа помина 2.8 милијарди километри до својата дестинација, каде се спушти под појасот на интензивна радијација, ги вклучи инструментите и влезе во орбитата која поминува над северниот и јужниот пол на вселената.

На 5.000 километри над планетата, камерата на леталото снимила силни бури и облаци кои се истакнуваат над другите, толку многу што се гледаат и на ноќната страна на планетата.

3
Фото: НАСА

„Времето на Јупитер е драматично. Она што мислевме дека го знаеме за Јупитер всушност го потценивме - тој е многу подетален и разновиден ако го погледнете одблизу“, вели Багенал.

Јупитер е огромен плински џин составен од водород и хелиум, а можно е да има и цврсто јадро составено од потешки елементи, иако нема дефинирана цврста површина.  Тој е 11 пати поширок од Земјата, а во него би можеле да се соберат сите други планети од Сончевиот систем заедно, од чија вкупна маса тежи 2.5 пати повеќе. Има над 67 месечини.

4
Фото: НАСА