Македонија на четвртото место во светот според консумација на цигари

Македонија на четвртото место во светот според консумација на цигари

Подготвил: Маја Пероска

Кина е на врвот на листата на земји каде што најмногу се консумираат цигари. Таму возрасните пушат во просек по 4124 цигари годишно, според податоците на Светската здравствена организација.

фото извор: CartoDB

По Кина следува Белорусија со 3831 испушена цигара годишно, по човек, а потоа Либан (3023). Нашата земја се наоѓа на четвртото место. Во Македонија годишно се пушат по 2732 цигари на човек. По Македонија, на листата е Русија (2690).

Најмалку цигари се консумираат во Гвинеја, со само 15 цигари годишно на човек, потоа се Соломонски острови (26), Кирибати (28), Уганда (41) и Руанда (53).

Во 68 од 182 земји, просечно се пуши по помалку од една цигара дневно (кај возрасни), а во 61 земја се консумираат повеќе од 1000 цигари на еден возрасен човек, на годишно ниво.