Подготвителна настава по математика на ФЕИТ

Подготвителна настава по математика на ФЕИТ

Институтот по математика и физика при Факултетот за електротехника и инфорамциски технологии организира подготвителна настава за државна матура по математика.

Од Факултетот велат дека посетувањето на оваа настава ќе помогне успешно да се совладаат сите теми од областа математика предвидени за државната матура. Исто така, тоа ќе помогне за  успешно следење на наставата по математика на матурантите кои школувањето ќе го продолжат на некој од техничките и природно-математичките факултети.

Наставата ќе се реализира во просторијата 212 на факултетот во траење од 16 школски часа во текот на 5 јуни, 6 јуни, 7 јуни и 8 јуни 2017 година од 14 до 18 часот.

Цената на подготвителната настава изнесува 2000 денари.

Пријавувањето се врши со пополнување  апликација на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/1R1TSArphMfD875A79RdykQdxeKN1NQg7WlCbQg8-3HA/edit

За дополнителни информации може да се обратите на следнава адреса:

podgotvitelna_mat@feit.ukim.edu.mk

Сите пријавени кандидати ќе добијат информација по е-mail за почетокот на наставата и начинот на плаќање.