Реконструкција на средбата помеѓу Кенеди и Тито

Реконструкција на средбата помеѓу Кенеди и Тито

Подготвил: М.Д.

Џон Ф. Кенеди е најмладиот претседател што некогаш е избран и е прв шеф на држава кој е католик. Американците го паметат по денот на инаугуарацијата кога тој инсистирал да се запрашаат што тие можат да сторат за својата земја, а не што претседателот може да направи.

тито
Фото извор: Screenshot


Ја преживува озлогласената инвазија на Заливот на свињите и кубанската ракетна криза во 1962 година, а запаметен е и по тоа што владеел во време на Студената војна. Во мај 1962 година 15.000 луѓе го слават неговиот роденден на плоштадот во Њујорк заедно со Мерлин Монро која ја пее „Среќен роденден, господине претседател.“

На возраст од 54 години во 1963 неговиот живот е окончан, епизода која ја паметат сите државјани на САД, а и насекаде во светот. Настанот доживува бројни филмски и телевизиски интерпретации, а постојат и многу теории на заговор за истиот.

Последниот државник со кој се сретна Кенеди

Овие денови се одбележува стогодишнина од неговиот роденден факт кој поттикнува да се ѕирне во архивот на податоци за него, меѓу кои стојат и информации за средбата со Јосип Броз Тито на 24 октомври 1963. Тито е последниот државник со кој се сретнува Кенеди пред атентатот, а аудио записите од неговите соработници содржат интересни детали од средбата. Таа е прва службена посета на еден комунистички лидер во САД.

Тито во САД пред неа бил само еднаш, за време на заседание на ОН. Поради страв од демонстрации наместо во Вашингтон, тој бил сместен во Вилиамсбург. За средбата бил испланиран секој чекор, домаќините имале и резервен план. Југословенскиот претседател бил превезуван со хеликоптер од Белата куќа. Од аудио снимките се дознава и дека  Тито бил повикан да отседне една вечер во Њујорк во хотелот Валдорф Асторија за да се сретне со американскиот амбасадор во ОН Алдаи Стивенсон.

Хрватскиот неделник „Телеграм“ направи реконструкација на средбата, погледнете ја ОВДЕ