Илон Маск му се налути на Трамп: „нема да бидам твој советник повеќе“!

Илон Маск му се налути на Трамп: „нема да бидам твој советник повеќе“!

Подготвил: Б.Б.


Илон Маск
(Фото: Getty images)

Директорот на компанијата „Тесла моторс“, Илон Маск, изјави дека ќе се откаже од функцијата – советник на американскиот претседател, доколку САД се повлечат од Париската спогодба.

Маск го објави своето преупредување на својот профил на „Твитер“ веднаш откако медиумите пренесоа дека Трамп одлучил да се повлече од Спогодбата за борба против климатските промени.

Да потсетиме дека Маск, заедно со уште неколку звучни имиња, е член на Советот на Трамп кој се занимава со зголемување на вработеноста и стопанскиот развој.

Инаку, претодно Маск беше жесток критичар на политиката на Трамп. Откако ја прифати поканата за учество во Советот, истакна дека тоа го направил исклучиво со цел да овозможи пристап за обновливи извори на  енергија.