„Да пееме за надеж“ во Њујорк!

„Да пееме за надеж“ во Њујорк!

Подготвил: Б.Б.


Девојка свири на пијано на отворен простор.
(Фото: Youtube / Printscreen)

Денес во Њујорк се поставени 60 клавири, офарбани и насликани  од еминентни уметници како музичарката Роберта Флек, актерката Кејт Мекинон и од актерските постави од неколку бродвејски претстави на Бродвеј.

Добро утро! Шеесетте клавири поставени ширум „Големото јаболко“, најпрво на Менхетен а потоа и на други места, ќе значат и можност за секого кој има волја да седне и да ја отсвири својата омилена партитура пред случајни минувачи и љубители на уметноста.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Да пееме за надеж“ (Sing for Hope), а ова лето се навршуваат шест години од оваа манифестација која е во организација на неколку непрофитни организации од Њујорк.

Погледнете го видеото: