Роби Вилијамс низ солзи пееше за жртвите од терористичкиот напад во Манчестер

Роби Вилијамс низ солзи пееше за жртвите од терористичкиот напад во Манчестер

Подготвил: Б.Б.


Роби Вилијамс на видеобим
(Фото: Youtube / Printscreen)

Роби Вилијамс одржа концерт во Манчестер, само на неколку километри од местото каде што се случи бруталниот терористички напад на концерот на Аријана Гранде.

Пејачот, кој исто така ќе учествува во хуманитарниот концерт „One love“ за помош на жртвите од нападите во Манчестер, го отвори концертот со зборовите:

„Ние сме Манчестер и е**** не се плашиме“, пренесува „Телеграф“.

На концертот на кој присуствуваа 50 илјади луѓе, на жртвите од нападот Роби им ја посвети песната „Angels“, што ја испеа со солзи во очите.

Публиката не остана рамнодушна во текот на емотивната изведба и му се придружи на цел глас.

„Ако ова не е порака на надеж, тогаш не знам што е“, објавила една обожавателка на „Твитер“.