Оглас за вработување во Кабинетот на претседателот на Република Македонија
Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија* бр. 27/14, бр. 199/1 4 и 27/16), a во согласност со член 22 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија, бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 1 14/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/1 1 1 1/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), Кабинетот на претседателот на Република Македонија објавува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 1 (еден) посебен советник во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, на определено време
1. Советник за прашања од областа на внатрешната политика 1 (еден) извршител
Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Кандидатот покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е:
-да има завршено најмалку високо образование VII/2 степен или студии со стекнати 300 ЕКТС од областа на општествените науки;
- да има искуство во работата на законодавната, извршната, судската власт или локалната самоуправа;
- да има искуство во работата на владини и невладини организации од областа на науката, културата, образованието, политичките партии, верските заедници и локалната самоуправа;
- да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски). Познавањето и на други јазици ќе се смета за предност;
- да има најмалку 4 години работно искуство;
- да ги исполнува условите за добивање на безбедносен сертификат.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена кај нотар:
1 Доказ за државјанство на Република Македонија;
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место;
3. Доказ дека со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
4. Уверение/диплома за завршен степен на образование;
5. Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
6. Доказ за работно искуство;
7. Кратка биографија.
Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40; работно време од 08:30 до 16:30 часот; работни денови: од понеделник до петок.
Како посебни услови за работа во Кабинетот се предвидуваат:
работа за време на неделен одмор и работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување итни и неодложни работи.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на советникот трае до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатот треба да ги исполнува во моментот на пријавувањето.
Изборот ќе се изврши во рок од 45/90/1 20 дена по истекот на рокот на пријавувањето.
Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, ул. „Ацо Караманов„ бр. ЗЗА - Скопје, со назнака „за огласот за посебен советник*.
Пријавите доставени преку пошта треба да бидат примени во архивата на Кабинетот најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА