Сите студенти од БиХ кои дипломирале пред „Болоња“ од денес се магистри!

Сите студенти од БиХ кои дипломирале пред „Болоња“ од денес се магистри!

Подготвил: Б.Б.


Дипломска капа
(Фото: Pixabay)

Студентите кои завршиле стручни академски студии во траење од  четири или пет години, во зависност од факултетот, а кои студирале пред воведувањето на болоњскиот систем на образование, нивните стекнати дипломи од денес ќе бидат еквивалентни на магистерските студии на Вториот циклус студии според болоњскиот систем.

Одлуката е донесена на иницијатива на министерот за образование, наука и млади на Кантонот Сараево, Елвир Казазовиќ, а Сенатот на сараевскиот универзитет го усвои предложениот заклучок.

Мнозинството членови на Сенатот го поддржаа споменатиот предлог, сметајќи дека се работи за подобрување на квалитетот на образовниот процес.