Што се крие позади изолацијата на Катар?

Што се крие позади изолацијата на Катар?

Подготвил: Маја Пероска

Катар на Иран и на џихадистите им плати откуп за членовите на своите кралски семејства, одведени во Ирак, во износ од околу милијарда долари. Тоа ги навело арапските соседи на драматичен чекор – да ги прекинат дипломатските и другите врски со Доха.

фото извор: visitqatar.qa

Командантите на локалните вооружени формации и официјалните претставници на владата во регионот, тврдат дека Доха толку платила за ослободување на 26 членови на кралското семејство од Катар, за киднапираните во текот на ловот на југот од Ирак, како и за 50 милитанти кои џихадистите ги заробиле во Сирија.

Тие пари, како што се наведува се предадени на сиријската вооружена формација поврзана со Ал Каеда и претставниците на Иранската служба за безбедност. Од „Financial Times“ тврдат дека до киднапирањето дошло во декември 2015 година, а дека трансакцијата е извршена во април годинава.

Во понеделник, Египет, Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати објавиле дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го дека ги поддржува терористичките организации и дестабилизацијата на ситуацијата на Блискиот исток.

Катар, американскиот сојузник кој на свое тло има и американска воена база, долго време предизвикува лутење кај своите соседи. Како прв извозник на течен природен гас, Катар го користи своето огромно богатство за да има подобри односи со Лондон, Вашингтон и Токио. Критичарите ги обвинуваат дека сака да се издигне над своите вистински дипломатски мерки со мешање во регионалните работи и користејќи ја сателитската телевизија „Ал Џезеира“ како пропагандно оружје.

Доха има историја на контакти со сите видови на контроверзни групации. Катар се нуди како неутрален играч кој може да биде посредник во регионалните судири.

Критичарите, а посебно Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, тврдат дека Доха тоа го користи за да игра на двете страни и да ги финансира радикалните исламистички групи, во последно време во Либија и Сирија. „Financial Times“ наведува дека околу 700 милиони долари се платени на Иранците и регионалната шиитска милиција која Техеран ја поддржува. Освен тоа, 200 до 300 милиони отишле кај исламистите во Сирија.

Регионалните дипломати сметаат дека мотивот за киднапирањето бил во Иран и либанскиот Хезболах да се олеснат преговорите за ослободување на шиитските борци кои ги заробила сунитската исламистичка група, „Тахир-ал-Шам“. Еден дипломат од Западот вели дека договорот за откуп претставувал покритие за трансакција од 120-140 милиони долари за „Тахир-ал-Шам“. Уште 80 милиони биле дадени за џихадистичката милиција „Ахрар-ал-Шам“. Еден арапски претставник од власта во регинот вели дека вкупно 300 милиони долари отишле кај џихадистите. Ако на тоа ги додадете 700 милиони дадени на Иран и сојузниците, тоа значи дека Катар дал милијарда долари на тој договор.

Според информациите од Ирачките шиитски групации, кои ги поддржува Техеран, Иран добил 400 милиони долари. Колку тие добиле, не сакаат да откријат, но откриле днекои детали бидејќи не се задоволни со својот удел во тој „бизнис“.