Филозофи во Силициумската долина: Ги вработуваат за да ги научат како да преиспитуваат сѐ

Филозофи во Силициумската долина: Ги вработуваат за да ги научат како да преиспитуваат сѐ

Подготвил: Б.Б.


Античка скулптура
(Фото: Pixabay)

Силициумската долина е опседната со среќата. Потрагата по митскиот добар живот и успех, избалансиран со исполнетост, иницираше создавање на quantified self movement – повеќефазно спиење и резерви од секакви фармацевтски лекарства во фиоките на програмерите.

Сепак, Ендру Тагарт, дипломиран доктор на филозофија, смета дека повеќето такви работи всушност се бесмислици. Тој ги разубедува основачите, директорите и останатите луѓе во Силициумската долина од идејата дека животот е проблем кој треба да се реши и дека среќата „ги чека“ само оние кои ќе го решат. Всушност, Тагарт смета дека усогласувањето на приватниот и деловниот живот е рецепт за страдање.

„Јас тоа го нарекувам проблематизација на светот. Еднаш кога ќе започнеш да трагаш по тој релативно нов поглед на светот – „проблем, предизвик, решение, повторување“ – започнуваш да го гледаш речиси насекаде. Наместо да го поставуваме прашањето „Како да се биде успешен“, многу е поважно да се запрашаме „Зошто да се биде успешен“, наведува Тагарт.

„Филозофијата навистина може да им помага на деловната заедница од Силициумската долина“, веки Џозеф Вола, основачот на „Хелоусајн“ кој држи предавања на тема стоицизам, античка грчка филозофија. „Најважната работа со која треба да се изборат основачите е нивната сопствена психологија“, истакнува Вола, цитирајќи ја добропознатата изрека од Долината: „Филозофијата најмногу помага во турбулентни времиња“, а истото важи и за управувањето со стартап бизниси.

Но, многумина во Долината не кријат дека се исмејуваат со филозофијата. Пол Грам, компјутерски научник и коосновач на Фондот за стартапи „Ипсилон Комбинатор“, учел филозофија кога студирал на Универзитетот „Корнел“ и смета дека „филозофијата е многу непрактична – како кинењето на сопствената облека или дупење на увото со игла“, се наведува во неговиот есеј од 2007 година. „Досега филозофите го губеа времето“, тврди Пол. Тоа го поттикна во барање на „покорисна“ филозофија која би им служела на луѓето кои всушност се обидуваат да го подобрат светот.

Овој апел за практичност би била некаква  форма на „религија“ во Долината доколку  би ја имале, а нивна главна установа најверојатно би била  „Симболик Системс“, една од програмите од Универзитетот „Стенфорд“, основана во 1986 година од страна на наставниот кадар за образување на нови генерации технолошки лидери, со акцент да истражува како доаѓа до комуникација меѓу компјутерот и човекот. „СимСис“ ги спојува невронауката, логиката, психологијата, вештачката  интелигенција, компјутерската наука и современата филозофија. Кенет Тејлор, професор на Универзитетот „Стенфорд“ истото го нарекува „Едукација за слободни уметности на 21 век“ , од каде видливо се изоставени Платон и Аристотел. Најголемите имиња од Силициумската долина дипмомирале токму на оваа програма, меѓу кои и Питер Тил, Мариса Мејер од „Јаху“, основачот на „Линкдин“, Рејд  Хофман, како и основачот на „Инстаграм“, Мајк Кригер.

Сепак, практичните филозофи, каков што е Тагарт, инсистираат дека филозофското преиспитување е основна  суштина на работата на секој извршител. За разлика од дугите научни полиња, филозофијата не подразбира ништо, туку едноставно непрекинато истражува. Неговите клиенти тргнуваат по патот на преиспитувањето кој може да доведе до разбирање на суштината, носење на подобри деловни одлуки, и конечно, до среќата. Но тоа се случува дури после болниот период на рефлексија, кој главно се заснова на отфрлање на самоизмамата.

„Филозофите стапуваат на сцена во моментот кога глупостите веќе не можат да се толерираат“, вели Тагарт. „Ние тие глупости ги вадиме на дневна светлина за да ги запреме. Деловниот свет денес е претрупан со глупости“. Тој го потенцира и порастот на бројот на хакери, програмерски „нинџи“ и мисловни водачи чии идентитети се измислени или едноставно, немаат никаква смисла.