Усвоен закон кој ќе ја промени историјата на Романија

Усвоен закон кој ќе ја промени историјата на Романија

Подготвил: Тамара Гроздановски

романија

Долниот дом на романскиот парламент со мнозинство гласови усвои закон за зголемување на платата во јавниот сектор од јануари 2018 година.

Законот е усвоен и покрај критиките на Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд.

Според законот, за кој гласале 188 пратеници, а 28 биле против, месечната плата на најдобро рангираните доктори од националната здравствена служба наредната година ќе достигне 2.700 евра, од досегашните 1.000 евра, додека медицинските сестри ќе заработуваат 900 евра наместо досегашните 530 евра.

Платите на одредени професори ќе бидат зголемени за 100%, а ова зголемување ќе биде постепено реализирано во периодот од 2018 до 2022 година.

Ефектите од таквите измени, кои треба да бидат одобрени од претседателот на Романија, Клаус Јоханис, ќе ги почувствуваат 1.2 милиони државни службеници и ќе чини околу 10 милијарди евра во наредните 5 години.

„Овој закон ќе ја промени историјата на Романија“, изјави лидерот на левичарската Социјалдемократска партија.