Проверете во кои градови може да патувате за малку пари

Проверете во кои градови може да патувате за малку пари

Подготвил: М.Д.

Не мора да си ја потиснувате желбата за патување ако имате мал буџет. Чудни дестинации може да бидат неверојатни, а можеби и веќе да се наоѓате во листата предложени градови за патување кои се со ниски цени.

Куала Лумпур
Фото извор: Thinkstock

Куала Лумпур е вистински избор за Вас, а и е прогласен за град со најпристапни хотелски цени.
Онлајн компанијата Campsy ги споредила цените на повеќе од 200 градови ширум светот, вклучително и цените на хотелите со една, но и оние со пет ѕвезди.

Според истражувањето, Малезија е најевтина со цени на хостели за ноќ од 7,37 евра, издавање на станови за 57 евра, а престој во хотел со пет ѕвезди од 258 евра.

Зад Куала Лумпур се наоѓа Скопје, потоа Тирана, Анталија, а Софија е на петто место на листата на најевтини градови за сместување.

Што се однесува до издавањето на становите, дефинитивно најевтин град е Скопје каде денот чини околу 32 евра.

Најскапи градови се Монте Карло, Монако, Сен Тропе, Рејкавик, Сан Франциско и Њујорк.