Спорот меѓу Катар и другите држави може да заврши со воен конфликт

Спорот меѓу Катар и другите држави може да заврши со воен конфликт

Подготвил: Тамара Гроздановски

катар
Фото: Pixabay

Спорот помеѓу Катар и другите арапски држави би можел да заврши со војна, предупреди вчера германскиот министер за надворешни работи Сигмар Габриел иако смета дека сè уште постои време за смирување на напнатоста, додека турскиот претседател Таип Ердоган повика кризата да се реши до крајот на Рамазан.

„Постои опасност овој спор да предизвика војна“, изјави Габриел, укажувајќи на драматичното заострување на односите меѓу овие земји. Габриел ова го изјави откако во разговор со колегите од Саудиска Арабија, Катар и Турција и телефонските разговори со министерствата за надворешни работи на Иван и Кувајт, му биле потврдени неговите причини за грижа.

„После моите разговори оваа недела, знам колку е ситуацијата сериозна, но верувам дека постојат добри шанси за напредок“.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека министерството за надворешни работи во Бахреин спорот помеѓу Катар и другите арапски држави треба да го реши до крајот на Рамазан односно 24 јуни.

Ердоган во петокот му ветил на Катар поддршка откако одобрил испраќање на турска војска во оваа земја, која останатите арапски земји во понеделникот ја изолирале обвинувајќи ја дека го поддржува тероризмот и нивниот лут непријател Иран.

Министерот на Бахреин, шеикот Халид Бин Ахмед бин Мохамед Ал Калифа објасни дека потезите на Катар довеле до спор и истакна дека е неопходно да се гарантира дека Катар нема да продолжи да се однесува на ист начин.

Чавушоглу пак изјави дека турската воена база во Катар, каде се наоѓаат околу 90 војници, треба да придонесе за стабилноста на областа, и не е насочена против било која земја - коментар што шеикот го поздрави.

Турскиот весник „Hurriyet“ во петокот објави дека Турција заедно со војниците ќе испрати воени авиони и бродови. Се планира првично да се испратат околу 200 до 250 војници во рок од 2 месеци.

Ердоган во четвртокот го одобри предлог законот за соработка во воено оспособување на Катар, ветувајќи и дека Турција ќе ги снабди со храна и вода.

Турција и Катар го поддржуваат Муслиманското братство во ЕГипет и бунтовниците кои се борат против сирискиот претседател Башар ал-Асад.